За последните шест недели во светот од Ковид-19 умреле половина милион луѓе
Половина милион луѓе умреле од последиците на коронавирусот во светот само во последните шест недели, покажуваат последните податоци на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон.
Според универзитетот, на почетокот на пандемијата за ваквите бројки на жртви од Ковид-19 требало да минат цели шест месеци, пренесе Си-Ен-Ен.
Во САД досега умреа 404.218 од коронавирус, а во Бразил над 208.000.
Во Индија и Мексико, според универзитетот во Вашингтон, од инфекцијата на коронавирусот фатален крај имале над 100.000 луѓе, во Велика Британија приближно 90.000, а од синоќа во Франција над 70.000.
Повеќе од 50.000 жртви на Ковид-19 се регистрирани уште и во Италија, Русија, Иран и Шпанија.
Стапките на смртност во многу земји во Европа и Северна Америка почнаа нагло да растат во ноември минатата година.
Ново на Сител
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје