За пет дена 102 починати поради жешкото време во Шпанија
Од саботата, кога почна првиот топлотен бран ова лето во Шпанија, регистрирани се 102 смртни случаи поврзани со високите температури и жештини, соопшти Системот за дневно следење на морталитетот од сите причини (MoMo).
Вкупниот број на смртни случаи во текот на јуни годинава, кој според податоците на Државната метеоролошка агенција (Aemet) е оценет како најтопол месец досега регистриран во земјата, достигна 380, пренесе шпанскиот весник „Елмундо“.
Податоците на MoMo укажуваат дека во првата половина од годината се забележани вкупно 2.168 смртни случаи поврзани со високи и ниски температури, што претставува 68 проценти од вкупниот број на смртни случаи предизвикани од температури во текот на целата 2024 година, кога беа пријавени 3.521 смртен случај.
Ново на Сител
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД
-
Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули
-
Трамп за Би-Би-Си: Разочаран сум од Путин, но сè уште не сум се откажал од него
-
Десеттина пелагониски села без вода
-
Мерц: Германија ќе одигра одлучувачка улога во испораката на американско оружје на Украина, преку НАТО