За Овнот повик од минатото, за Бикот нова романса – дневен хороскоп за 10 април
Еве што велат астролозите за првиот работен ден по четиридневниот одмор по повод Велигден:
Овен
21.3. – 20.4.
Партнерот ќе ви забележи поради отсутноста и замисленоста. Слободните ги очекува повик од минатото. Овните добро комуницираат со деловните соработници и задоволни се од успехот. Можни инфекции.
Бик
21.4. – 20.5.
Емотивните врски ќе бидат хармонични, со многу романтика и страст. Слободните ќе почнат романса. И покрај зголемениот обем на работа, пријатни мигови во канцеларијата. Проблеми со кожата.
Близнаци
21.5. – 21.6.
Емотивните врски ќе бидат во целосен сјај, особено кон крајот на денот. Слободните ќе почнат да комуницираат со интересна личност. Нема да ви оди остварувањето на деловните цели. Нервоза.
Рак
22.6. – 22.7.
Емотивните односи се хармонични, со повремена слаба љубомора. Слободните ги очекува средба со лице од минатото. Се чувствувате моќно, за вас не постојат деловни пречки. Одлично здравје.
Лав
23.7. – 23.8.
Новите деловни партнери ќе ви осигурат успех. Меѓусебните обвинувања ќе ја нарушат хармонијата во врските. Слободните ќе се најдат на нишан на зафатена личност. Движете се повеќе на отворено.
Девица
24.8. – 23.9.
Емотивните врски ќе ви бидат прибежиште од проблемите во другите животни сфери. Слободните освојуваат со својот шарм. Девиците нема да поднесуваат авторитети, што може да биде проблем. Стоматолошки проблеми.
Терезија
24.9. – 23.10.
Емотивниот партнер би можел да има забелешки во почетокот на денот. Слободните ќе имаат можност за нова врска. На Терезиите ќе им недостига амбиција. Гинеколошки проблеми.
Скорпија
24.10. – 22.11.
Повремените налети на партнеровата љубомора ќе ја нарушат хармонијата во врските. Слободните ги очекува возбудлива авантура. Делумно ќе успеете да ги реализирате деловните цели. Контролирајте ги крвната слика и притисокот.
Стрелец
23.11. – 21.12.
Емотивните врски ќе функционираат беспрекорно. Слободните ќе ја обноват неодамна раскинатата врска. Стрелците ќе работат на подготовката на нови проекти. Можно е опаѓање на имунитетот.
Јарец
22.12. – 20.1.
Кон крајот на денот ќе биде напнато во врските. Слободните ќе запознаат лице за сериозна врска. Јарците ќе го искористат периодов да пронајдат сатисфакција во работата. Одлично здравје.
Водолија
21.1. – 19.2.
Емотивните врски ќе бидат хармонични, понекогаш дури и монотони. Слободните ќе имаат упорен додворувач. Водолиите што се занимаваат со креативна работа можат да постигнат голем успех. Нервоза.
Риби
20.2. – 20.3.
Емотивните врски ќе бидат несекојдневно убави, а кон крајот на денот можно е заедничко патување. Слободните ќе запознаат интересна личност. Недоразбирање со колегите. Можен е недостиг од витамини.
Ново на Сител
-

Кривична за четири лица од Кочани за злоупотреба на службена положба во јавна набавка од 1,4 милиони денари
-

Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа
-

Тивок марш и парастос во Македонска Каменица „Кети Милковска и 63 ангели“
-

Нападната екипа на ТППЕ во Куманово, полицијата приведе две лица
-

Кривична за поранешен директор и три лица во јавно претпријатие во Кочани за злоупотреба на службената положба
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување од нив една малолетничка
-

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
-

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени
