За околу две недели ќе стигне специфично антитело наменето за лекување на Ковид-19, најави Филипче
За оваа болест за жал се уште нема терапија освен една што за период од околу две недели ќе стигне во нашата земја, а тоа е она специфично антитело што е наменето специјално за оваа болест заради тоа што се врзува таргетирано токму за вирусот, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со смртноста од Ковид-19, рече дека има земји кои имаат поголема смртност од нашата, дури и во некои земји во регионот Бугарија, Босна, Словенија, итн.
– Во секој случај секогаш кога има нов бран и зголемен број на случаи на новодијагностицирани се случува да расте и смртноста. Ние не сме исклучок, тоа е буквално правило насекаде. Тоа што можам одговорно да го кажам е дека во консултација и координација на сите директори, на сите експерти, инфектолози, специјалисти по интерна медицина им се пристапува на сите пациенти максимално професионално, се дава се што треба во однос на терпаевтскиот пристап што е унифициран и се темели на принципите на лекување што владее буквално во сите земји во светот, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по пристигнувањето на 20 000 вакцини „Спутник“ пред Институтот за трансфузиона медицина во Скопје.
Ново на Сител
-
Кривична против лице од Врапчиште за приложување на фалсификувана возачка на Табановце
-
Кривична за 60-годишник од Свети Николе кој вршел јавен превоз без лиценца
-
15-годишник од Охрид со моторцикл удрил во три лица, а потоа и во паркирано возило
-
19-годишно момче загина во сообраќајна несреќа кај Гевгелија
-
Приведен 44-годишник од Штип, управувал со возило под дејство на алкохол
-
Си-Ен-Ен: Администрацијата на Трамп е подготвена да ја признае руската контрола на Крим со цел да се стави крај на војната
-
Тошковски: СВР Охрид и РЦ Запад подготвени за безбедна туристичка сезона
-
Роналдо би можел да потпише краткорочен договор со Манчестер Сити или Челси