За новогодишните празници издадени потврди на 7.501 мигрант
Во текот на вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 2.120 странски државјани, од кои 912 се од машки пол, 409 се од женски, 791 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште осум деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-852, Авганистан–822 и Ирак-446.
Во периодот од 1 до 3 јануари 2016, издадени се потврди на вкупно 7.501 странски државјани, од кои 3.026 се од машки пол, 1.601 се од женски, 2.847 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 27 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-3.016, Авганистан-2.493 и Ирак-1.992.
Од 1 до 3 јауари до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Ново на Сител
-
ВРЕДИ прогласи победа во Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново
-
Коњановски: Апсолутна победа на ВМРО - ДПМНЕ во Битола
-
Тодорче Николовски прогласи победа во прв круг во Кратово
-
Паунов во Карбинци и Владев во Свети Николе прогласија победа во првиот круг
-
Петар Јанков прогласи победа во Струмица
-
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 55 општини, СДСМ, Вреди и НАИ во 7
-
Касами прогласи победа во првиот круг на локалните избори во Тетово
-
Јовановски: Над 5,000 гласови предност во првиот круг