За нотарски акт над 20.000 евра следи бесплатен адвокат
Бесплатно ангажиран адвокат за нотарски акти над 20 000 евра. Новиот закон за нотаријат кој е во собраниска процедура предвидува доплонителна заштита на странките, поголема сигурност и намалување на ризиците да дојде до спорови, велат од адвокатската комора.
Странката има право сама да си ангажира адвоката, а доколку тоа не го стори му се одредува по слижбена должност. Најголем дел актите се однесуваат на купопродажба на недвижен имот. Граѓаните нема да плаќаат доплонителна сума за адвокатот, но тој ќе добие 50 процети од сумата која е предвидена за нотарот.
Од комората сметаат дека со овој закон финансиски не им се наштетува на нотарите. Приходот не е важен кога во прашање се интересите на граѓаните , смета Додевски. За него нотарската работа е на штета на адвокатскта работа.
Од комората информираат дека од 1-ви јануари 2500 адвокати софтверски ќе се поврзат. Со компјутеризацијата се воведува електорнското водење на податоци, издавање на потврди, решенија, размена на сите расположливи документи.
-
Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар