Македонија
17. July 2026 - 12:10
За неполн месец спасени 10 давеници
За неполн месец спасени десет давеници и реализирани 32 интервенции на прва помош од страна на спасителите од Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид долж Охридското крајбрежје . Се апелира до сите капачи да ги почитуваат правилата и да ги посетуваат плажите кои се безбедни.
Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид е подготвен за туристичката сезона и располага моментално со 25 активни спасители коишто имаат меѓународна лиценца за спасување на отворени води.
Инаку во текот на минатата година спасителите извлекле 31 лице од водите на Охридското Езеро и имале околу 1 400 интервенции за прва помош.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
