За нецел ден новата песна на „Битлси“ собра речиси пет милиони прегледи на Јутјуб
Новата и засега последна песна на легендарниот британски поп-рок состав „Битлс“ – „Now And Then“ (Сега и тогаш) за само 21 час по првичното објавување на платформата Јутјуб собра речиси 4,8 милиони прегледи. А, пристигнуваат и бројни реакции од обожавателите.
Песната е првично снимена во облик на демо-снимка пред 45 години. Нецелосната трака е напишана и отпеана од Ленон во 1978 година, а минативе неколку месеци е довршена и дообликувана од Пол Макартни, Ринго Стар и вештачката интелигенција. Снимките на Макартни му ги подарила вдовицата на Ленон, Јоко Оно во 1994 година. Она што е највпечатливо и според преостанатите живи членови од „четворката од Ливерпул“ и според интернет-корисниците, е тоа како ВИ „го оживеа“ гласот на покојниот Ленон.
– Ова е веројатно последната песна на „Битлс“ и – слушнете тука… Тоа е вистинска снимка на „Битлс“, нагласува 81-годишниот Пол Макартни во кратката видеопорака за најавата на меланхоличната „Now And Тhen“.
Во новиот производ се мешаат звуците на пијано, сологитара и гудачки инструменти. Пол и Ринго во новата верзија вклучија и изведба со електрична и акустична гитара на покојниот Џорџ Харисон снимена 1995 година.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени