-->
-->
За националистичко навивање ФИФА ја казни Хрватска, но не и Косово
-->

Светската фудбалска асоцијација (ФИЈА) го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска (ФСХ) со 50.000 швајцарски франци поради националистичко навивање, пеење песни на нивните навивачи.
Имено, дисциплинската комисија на ФИФА реши да ги казни само хрватските навивачи, кои заедно со албанските од Косово, заедно скандираа (пееја) песна против Србите (Убиј, убиј, Србина ...) , пред мечот Албанија – Хрватска кој се одигра во Скадар, а во рамките од квалификациите за Светското првенство што во 2018 година ќе се одрежи во Русија.
Воедно дисциплинската комисија на ФИФА го предупреди ФСХ да внимава на начинот на идното однесување на навивачите, бидејќи во случај на појава на сличен инцидент Хрватите ќе бидат санкционирани поригорозно.
Од ФСХ сметаа дека казната е релативно блага со оглед на околностите бидејќи дисциплинската комисија на ФИФА ги уважила нивните аргументи во врска со напорите вложени во организацијата на мечот против Косово
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Петрова: Условот е европски
-

Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието
-

Планот на Мерц пред лидерите на Западен Балкан во Тиват
-

СДСМ: Младите на референдум да одлучат за иднината
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
