-->
-->
За крај на олимпијадата во Рио , монголско шоу!
-->
Неверојатни сцени приредија монголските тренери во борбата за бронзен медал во борење (категорија до 65 килограми) на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Монголецот Ганзориг Мандакнаран мислејќи дека веќе го освоил бронзениот медал, во самиот финиш на борбата, во последните десет секунди, започна да слави и да го провоцира противникот, поради што судиите го казнија бидејќи бегал од борба со противникот.
И додека Мандакнаран беше во солзи поради загубениот бронзен медал, неговите двајца тренери приредија вистинско шоу, поради што бразилската полиција го оддалечи од салата.
Тренерите збеснаа, изведуваа стриптиз, односно во знак на протест се соблекоа речиси се од себе, викајќи на судиите да ја сменат одлуката.
Тие добија црвени картони, полицијата ги оддалечи од салата, а додека одеа надвор гледачите ги испратија со повици: „Монголија, Монголија“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива