-->
-->
За килограм боровинки од Кожуф се плаќаат до 150 денари
-->

-Сезонава слабо има берачи на боровинки по терените на кои вообичаено ги има со години наназад. За време на бербата престојуваме по неколку дена во импровизирани живеалишта. Се наоѓаме на околу три километри од македонско грчката граница. Оваа година ги нема и откупните пунктови за боровинки што своевремено ги имаше во планината. Сега главно плодовите ги береме по нарачка за семејства кои ги бараат за здравје. Но, во услови кога боровинки има помалку, поголема е километражата што се оди, за да се најдат и тоа малку кои ги има, рекоа за МИА жители на поткожувските села, кои традиционално секој септември берат шумски плодови на Кожуф.
Дека во овој дел на Македонија е намален родот на боровинки поради неколкуте временски неприлики што ја зафатија Тиквешијата во изминатиот период, потврдува и Петко Ристовски, шеф по заштита на шуми во „Македонски шуми“, подружница „Бор“ од Кавадарци.
- Доказ повеќе за тоа е и енормно намаленот број издадени дозволи од наша страна, за собирање на лековити растенија и шумски плодови. Интересот за такви дозволи беше многу мал. Наспроти 145 издадени дозволи во 2016 година, сега имаме издадено само десет, нагласи Ристовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Заштеда до 2.000 денари по ученик ќе донесе Училишната кошница
-
Јавното здравство должи повеќе од 72 милиони евра – од ФЗО велат дека месечно го следат работењето на ЈЗУ
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Мерката училишна кошница е во тек
-
Модернизација на Националниот електронски систем за документи
-
Независните кандидати не се закана за поголемите партии
-
Спасени 28 давеници во Охридското Езеро
-
Државата започна со откуп на пченица за стоковите резерви