За јавно осветлување во Битола ќе се вложат над 62 милиони денари
Советот на општина Битола ја утврди програмата за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Битола за 2019 година за чија реализација според финансискиот план ќе бидат вложени над 62 милиони денари.
Средствата кои локалната самоуправа ги обезбедува согласно Законот за комунални такси за користење и одржување на јавното осветлување во сервисните и станбените улици ќе се користат за тековна потрошувачка на електрична енергија и за одржување на инсталациите за осветлување во сервисните и станбените улици на подрачјето на општината.
Според програмата, со 39,6 милиони денари ќе бидат платени сметките за потрошена електрична енергија во текот на годината, над 15 милиони денари планиран е расход за поправка и одржување на уличното осветлување, а за новогодишно украсување на градот ќе бидат потрошени 472.000 денари.
Од општинскиот Совет информираат дека 5 милиони денари ќе бидат инвестирани за изградба на нови капацитети во енергетиката, а со околу 750.000 денари ќе се изврши реконструкција на постоечките капацитети во енергетиката со која располага општина Битола.
Ново на Сител
-
Русија ги намали очекувањата за скорешна средба Путин - Зеленски
-
Прв уписен рок на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Вечерва се спушта завесата на Охридско елто
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Владата објави дека наследиле рекорден број арбитражни постапки
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население