За избор на претседатели на комисии ќе расправа ЦО на СДСМ
Изборот на претседатели на комисиите како помошни тела на СДСМ ќе биде доминатна тема на денешниот состанок на Централниот одбор на владејачката партија. Изборот на потпретседатели не е на дневниот ред, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев пред почетокот на седницата на Централниот одбор во партиското седиште во Скопје.
-Доминатна е изборот на претседатели на комисиите како помошни тела. Тоа се стручните тела на СДСМ, извршниот одбор ги утврди, а сега согласно статутот на партијата мора да ги утврдиме и на Централниот одбор, потоа следува нивно доекипирање, рече Заев.
Тој најави дека денеска на Централниот одбор ќе биде соопштен и изборот на новата координаторка на Форумот на жени на СДСМ, а ќе се дискутира и за актуелните политички случувања, како и за идните теренски активности како подоготвка на партијата за претстојниот период.
Запрашан дали на денешниот состанок на Централниот одбор на дневен ред е и изборот на потпретседателите на партијата, Заев рече дека сеуште немаат одлука за тоа и затоа тоа и нема да биде тема на Централниот одбор.
Седницата на ЦО на владејачката СДСМ се одржува непосредно пред лидерската средба која премиерот и лидер на партијата Заев ја закажа за утре.
Ново на Сител
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола
-
Повредени 5 лица во сообраќајка помеѓу три возила на патот Кичево - Осломеј
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош
-
Токовски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама
-
Зеленски: Од примирјето за време на ЛОИ корист ќе има само Русија
-
Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“
-
Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе