За инает на сите: Бебето се роди држејќи ја спиралата на мајката во рака
Оваа фотографија со неверојатна брзина се прошири на интернет.
Глетката е неверојатна - новороденото бебе со мајчината спирала во раце, како да порачува дека е посилно од тоа парче и дека „некој“ друг имал поинакви планови.
Луси се шокирала кога видела дека нејзиниот новороден син ја држи спиралата.
Бабиците кога го извадиле од матката на мајката, тој го имал ова во рацете.
-Иако не ја планирав оваа бременост, моето семејство и јас сме пресреќни со Декстер, рече мајката.
Гинекологот на Луси и ставил спирала во август минатата година. Дека е бремена во 18 недела дознала пред Божиќ, што значи дека забременила во периодот кога и била ставена спиралата во матката.
Додека била на ултразвук, спиралата не се гледала, па лекарот претпоставувал дека испаднала. Но таа се скрила зад матката.
Бебето се роди на 27 април, седум дена пред терминот.
За да не остане повторно бремена, Луси ги подврза јајниците.
Ново на Сител
-
Аврамовска Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто
-
Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ
-
За ниедни пари не би пеела за партија | Лара Иванова | ПРОфесија | Sitel Podcast 049
-
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори
-
Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија