За енергетска ефикасност 52 милиони денари преку повеќе мерки
Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година е усвоена вечерва на седница на Владата на предлог на Министерството за економија. Со дел I програмата, како што соопшти владината прес-служба, се одвоени 52 милиони денари.
Средствата ќе се користат за повеќе мерки, како што е надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30 проценти, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 6.000 денари, како и до 70 проценти, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 2.000.000 денари за лица со ниски примања.
Предвидени се пари и за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50 проценти, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 19.000 денари, како и до 70 проценти, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000 денари за категоријата на лица со ниски примања;
Ќе се надоместуаваат и дел од трошоците за купување и вградување на печки на пелети во домаќинствата до 50 проценти, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 11.000.000 денари, како и до 70 проценти но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000.000 денари за категоријата на лица со ниски примања;
Една од мерките е надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30 проценти, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 8.000.000 денари.
Корисници на оваа програма во категоријата на лица со ниски примања се: лицата со ниски примања кои се вработени или едниот брачен другар да е вработен и нивните месечни примања во семејството да не го надминуваат нето приходот од 30.000,00 денари, лицата со ниски примања кои се пензионери или едниот брачен другар да е пензионер и нивните месечни примања во семејството да не го надминуваат нето приходот од 20.000 денари и ранливи потрошувачи како што се дефинирани во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2021 година.
-Надоместот на дел од средствата од дел II од оваа програма ќе го остварат лицата кои досега не користеле средства од Буџетот на Република Македонија за наведените мерки во дел II од оваа програма, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа