Свет
16. December 2016 - 8:22

За едно деноноќие од источните делови на алепо евакуирани повеќе од 6.000 луѓе

Соработници на рускито Центар за примирје евакуирале од источните делови на сирискиот град Алепо 6.462 луѓе меѓу кои и повеќе од три илјади бунтовници и 300 ранети.

Податоците се за првото деноноќие од операциите за евакуирање цивилно население и бунтовници.

Сите автобуси со кои се пренесуваат луѓето се придружени од офицери на тој центар и соработници на Црвениот краст. Возилата се движат кон реонот Ал рашидин-4 во западните делови од градот каде бунтовниците и нивните семејства се префлаат во други возила за транспорт за да продолжат кон градот Идлиб.

На маршрутата се поставени и контролни пунктови. За да се избегнат провокации, рускиот Центар ги следи операциите со дронови на кои има камери.