За една недела во Скопје отстранети 357 непрописно паркирани возила од јавните површини
Во текот на изминатата недела, од 16 до 22 септември годинава, со специјалните возила „пајак“ се подигнати 357 возила од јавните површини.
Како што соопшти Град Скопје, од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 43 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 314 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.
Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 484 возила поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 43 возила се отстранети со пајак службата поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.
Град Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.
– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање на време да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС-порака или со греб картичка, се вели во соопштението од Град Скопје.
Ново на Сител
-

Дизелот поевтинува за 2,5 денари
-

Две години од монструозното убиство на Вања Ѓорчевска
-

Најмалку 65 загинати во пожарот во Хонг Конг, многумина сè уште се водат како исчезнати
-

ДПИ ќе врши засилени вонредни инспекциски надзори кај трговците за „Black Friday“
-

„Почудни нешта“: Сè што треба да знаете за петтата сезона
-

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“
-

Возел со 2,51 промили алкохол и предизвикал сообраќајка, приведен 58 годишен маж
-

Приведени сопружници во Неготино, обвинети за физички напад врз неговиот татко

