За една недела во Мјанмар загинаа 402 лица

Бројот на жртвите во судирите меѓу будистите и муслиманите во западните региони на Мјанмар за една недела достигна 402 лица, соопштија владини извори.
Според претходните информации, смртниот биланс изнесуваше 109 лица. Војската уби 370 бунтовници Рохинги - муслиманско малцинство во Мјанмар. Бунтовниците, пак, убиле 17 цивили и 15 полицајци и војници.
Во западната провинција Рахин, често избиваат судири меѓу претставниците на будистичкото мнозинство во Мјанмар и муслиманското малцинство - Рохинги. Во текот на последните години, во вакви судири загинаа илјадници лица.
Ситуацијата драстично се влоши на 25 август, кога стотици муслимански бунтовници од движењето „Араканска армија за солидарност на Рохингите“, што властите ја сметаат за терористичка организација, извршија напади врз 30 полициски и гранични позиции. Новите напади дојдоа еден ден откако беше објавен конечниот извештај на меѓународна комисија, предводена од поранешниот генерален секретар на ОН Кофи Анан, за ситуацијата во провинцијата Рахин.
Во извештајот на комисијата се повика Мијанмар да им даде повеќе права на Рохингите, особено повеќе слобода на движење, бидејќи во спротивно постои ризик тие да се радикализираат. Властите одговорија со воена контраофанзива, што потоа предизвика бегалски прилив на илјадници Рохинги, кои бегаа од завојуваните подрачја. Многумина од нив тврдат дека биле подложени на ужасни злосторства од страна на армијата на Мјанмар, кои вклучувале групни силувања, тортура, и масакри.
Околу 38.000 Рохинги преминале од Мјанмар во Бангладеш, јавија извори на ОН, кои спроведуваат хуманитарни активности во јужниот дел на Бангладеш.
Ново на Сител
-

Нова тура ирански напади врз државите во Заливот, експлозии и сирени во Доха, Дубаи, Абу Даби и Кувајт
-

Трамп: Сите потенцијални наследници на Хамнеи се мртви
-

По нападите врз Иран скок на цената на нафтата
-

Нова војна меѓу Израел и Хезболах: Во израелски напади врз Бејрут загинаа 31 лице, луѓето масовно бегаат од градот
-

Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
-

Британската база на Кипар погодена од ирански дрон
-

Доделување на новинарските награди од конкурсот на тема за загадувањето на воздухот
-

Во Кувајт се урна американски Ф-15, пилотот се катапултираше
