-->
-->
За една недела санкционирани 101 непрописно паркирани возила во Центар
-->

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 2-ри до 8-ми јуни, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 101 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар, велат од јавното претпријатие, континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пратенички прашања – Цена на станови, мерки, јавен обвинител...
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседател на СДСМ
-

Економски мерки, работата на новиот државен јавен обвинител и корупцијата во фокус на пратеничките прашања
-

Средношколците и ги претставија проблемите со кои се соочуваат на претседателката на државата
-

Законот за високо образование во понеделник ќе биде објавен на ЕНЕР на увид на јавноста
-

М-НАВ поднесе кривична пријава против синдикалецот Тасевски
-

Економски мерки, работата на новиот државен јавен обвинител и корупцијата во фокус на пратеничките прашања
-

Неопходни се нови мерки за справување со кризата, велат експертите
