Македонија
17. September 2024 - 19:48

За една недела 4 починати од Ковид – Вакцини се уште нема

Ковид има, вакцини нема. И покрај препораките на Комисијата за заразни болести за заштита на ризичните групи, граѓаните се уште чекаат кога ќе може да ги посетат пунктовите за имунизација.  Пропадна најавата на Таравари кој во август кажа дека на почетокот на месецот ќе има околу 11 000 дози донација. Сега здравствените власти процесот го пролонгираа за крајот на септември. 

- Набрзо се очекува да пристигнат 11.000 вакцини за XББ варијанта на Ковид, со поддршка од Република Австрија. Исто така, во процедура е обезбедувањето нови вакцини за претстојната сезона, преку механизам на Европската комисија заедно со останатите европски земји, за кој сме информирани дека е во завршна фаза, ни одоговрија од Министерството за здравство.   

Наместо вакцинација, граѓаните засега само ги слушаат препораките на лекарите дека вакцината штити од тешки форми на болеста.

- Тоа е една од основните начини да се заштити популацијата што има коморбидитети. Морам да додадам дека во однос на најавените вакцини имаме информација од здравство дека се во завршна фаза процедурите и во наредните седум дена се очекува да стигнат вакцините кои ќе бидат на располагање на оваа вурнелабилна група. Особено оние над 65 години што имаат пропратни хронични болести да бидат меѓу првите што ќе ја примат вакцината, -изјави Д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на КЗБ.

И додека чекаме на вакцините, изминатата недела од ковид починале двајца скопјани, еден битолчанец и еден тетовец сите над 70 годишната возраст. Сите биле невакцинирани  и имале коморбидитети.  Од тестираните во периодот од 9 до 15 септември,  57 биле позитивни. 

Од почетокот на годината досега ИЈЗ регистрирал 1560 заболени и 20 починати.

Инаку од појавата на првиот случај на ковид 19 во земјата на 26 фев руари 2020 досега, битката со вирусот ја изгубиле 9 999 лица.