За еден месец за 4,11 отсто зголемен бројот на невработени лица во Грција

Бројот на невработени лица во Грција, кои бараат работа, за еден месец се зголемил за 4,11 отсто, покажуваат најновите статистички податоци на грчката Организација за вработување на работна сила.
Во јуни, биле регистрирани 858. 069 лица, а во јули, 35. 241 повеќе, со што бројот на оние кои бараат работа достигнува до 893. 310, од кои 34,39 отсто се мажи, а 65,61 отсто жени, jави дописничката на МИА од Атина.
Од регистрираните невработени, најголем број (38,31 отсто) се на возраст од 30 до 44 години, грчки државјани (89,63 отсто), со завршено средно училиште (43,71 отсто).
Бројот на невработени во Грција се зголемил за 7,91 отсто, споредбено со лани за истиот период.
Во Организацијата за вработување на работна сила на Грција се регистрирани и 76. 891 лица кои иако се невработени, сепак не бараат работа.
Ново на Сител
-

Вардар поразен на домашен терен од Рига
-

Со даночно затајување управител и правно лице го оштетиле Буџетот за 8.070.791 денари
-

Средба Лавров - Рубио на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила
-

Одбележани 14 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица
-

Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари, поднесена кривична пријава против едно лице
-

Комеморација за киднапираните и убиени Македонци во 2001 година во тетовско Непроштено
-

Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
