За движењето „Самоопределување“- Албанија: Вучиќ и Додик непожелни личности
Членови на движењето „Самоопределување“ за Албанија, кое неодамна беше регистрирано како политички субјект во судскиот регистар, најавија мирен протест против посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на босанските Срби, Милорад Додик.
-Овие двајца поранешни и сегашни криминални политички лидери никогаш не искажаа жалење и не се извинија за српските злосторства. Тие не ги признаваат нашите државни симболи. Не можеме да се однесуваме како да сме пред празник. Ние не сме тие што ги прогласивме за непријатели, туку тие кои ги негираат нашите права. Вучиќ и Додик се непожелни личности во Албанија, порачаа претставниците на „Самоопределување“ за Албанија.
Протестот, за кој, како што рекоа имаат дозвола од полицијата, ќе почне во 18 часот на плоштадот „Народни херои“ по што учесниците ќе продолжат се до хотелот „Шератон“ каде ќе се одржи состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони.
Во следните два дена албанскиот претседател Илир Мета ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони.
На средбата се очекува да присуствуваат претседателите на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов, на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, на Словенија Борут Пахор, на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Косово Хашим Тачи, како и тројца членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор