За две седмици починало 101 лице од Ковид во Македонија, 9 од нив биле вакцинирани
Министерството за здравство соопшти дека 85 отсто од новите КОВИД случаи и 91 процент од хоспитализираните се невакцинирани.
Според двонеделната анализа, од 06.08 до 19.08.2021 на територијата на државата 9881 граѓанин се позитивни од тестираните на КОВИД. Од нив 1507 биле целосно вакцинирани (со две дози) или само 15 проценти.
-Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со КОВИД. Според двонеделната статистика, 8374 граѓани од позитивните не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 91, додека само девет отсто од сите 724 моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од две седмици на територија на државата починало 101 лице, 92 пациента од починатите не биле вакцинирани, а само девет лица, односно осум проценти, примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе хронични заболувања, наведува Министерството.
Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство.
Министерството за здравство уште еднаш укажува на важноста на вакцинацијата.
-Секоја вакцина што ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, истакнува МЗ.
Во анализата за вакцинирани се сметаат лицата вакцинирани со две дози, кои поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
