-->
-->
За два дена поднесени 27.100 барања за финансиска поддршка за мај
-->
Вкупно 27.100 барања се поднесени за користење на мерките за финансиска поддршка за месец мај. Овие барања, како што соопшти Управата за јавни приходи, се поднесени од работодавачите и сомовработените лица во заклучно со вториот ден од јуни.– За мерката – Финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност образец БФС-СВД поднеле 4.733 самовработени лица од кои 4.064 барања се прифатени. За мерката – Финансиска поддршка за исплата на плата за мај 2020, образец БФП-ИП поднеле 20.127 компании од кои 16.610 барања се прифатени. За мерката – Субвенционирање на исплатата на придонеси од задолжително осигурување образец БС-ПЗСО поднеле 2.240 компании од кои 1.909 барања се прифатени, наведуваат од Управата за јавни приходи.
Од УЈП додаваат дека мерките се реални, мерките се остваруваат и повикуваат да се поднесат барање БФС-СВД или БС-ПЗСО до 5 јуни, односно барање БФП-ИП до 7 јуни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рокас му го предаде извештајот за Македонија на Гаши
-

ЕК ги презентираше извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Предлог буџетот стигна во Собрание
-

Поради неажурноста на факултетите над 2.000 студенти од почетокот на месецот останаа без парите за оброк
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
-

Мицкоски од Брисел: Ако ЕУ го толерира булингот на Бугарија кон Македонија, ваквите блокади ќе станат пракса
