За детската среќа не треба многу! Хуманитарна акција во Ramstore Mall

Секое дете има право на радост! Секое дете има право на подарок! Секое дете има право на прекрасна Нова Година! Секое дете има право на исполнување на желба!
Ramstore Mall во соработка со Црвен Крст на град Скопје организира хуманитарна акција за децата сместени во згрижувачки семејства. Денес (04.12.2015) со почеток во 10 часот овие деца ќе ги искажат своите скромни желби на ливчиња во форма на лампиони кои ќе бидат прикачени на волшебната новогодишна елка поставена во Ramstore Mall. По прикачувањето на лампионите сите посетители ќе можат да ја покажат својата хумана страна и да исполнат барем една детска желба преку нејзина реализација. Акцијата трае до 29.12.2015 година, а подароците ќе бидат доделени на 30.12.2015 година.
За детската среќа не треба многу. Стоплете нечиво срце, чувството е прекрасно.
Волшебната новогодишна елка е традиционална кампања на Ramstore Mall со цел да ги направи среќни сите дечиња и да им приреди волшебна Нова Година.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
