Македонија
2. March 2024 - 14:11

За десет и пол часа влегле над 1.700 и излегле над 2.600 граѓани на „Табановце“

Од полноќ до 10:30 часот утрово на граничниот премин Табановце влегле над 1 700 и излегле над 2 600 граѓани, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.

- Од полноќ до 10: 30 часот влез во државата оствариле 715 македонски и 1 080 странски државјани, соопшти МВР.

Во истиот период, како што информираат, излегле над 2.000 македонски и над 500 странски државјани.

- Излез од Република Северна Македонија оствариле 2 114 македонски и 572 странски државјани, стои во соопштението.