-->
-->
За да се спаси од сопругата ограбил банка и завршил во затвор
-->
Седумдесетгодишниот Американец Лорес Рипли од Канзас Сити ограбил банка за од сопругата да побегне во затвор?!.

Рипли на шалтерскиот работник во банката му дал лист со напишана порака дека е вооружен и дека бара да му се дадат парите од сефот на банката.
Во судскиот извештај пишува дека Рипли земал 3000 долари и потоа мирно седнал пред соседната банка и на чуварот му кажал дека е тој лицето кое полицијата го бара за грабеж на банка.
На судењето Рипли е прогласен за виновен за грабеж на сојузна банка во Канзас и во моментов се соочува со казна од 20 години затвор.
Судијата и адвокатите сега го разгледуваат целиот случај и размислуваат која е соодветната каза за оваа лудост на 70 –годишниот Рипли.
Агент на ФБИ во судскиот процес истакнал дека пред грабежот Рипли имал вербална расправија со својата жена на која и кажал дека пишува порака за да ограби банка. Но, интересно на судскиот процес неговата сопруга цело време била крај него.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мемеди за Сител: Викендов се очекуваат три чартер лета за евакуација на Македонците од Емиратите
-

Безбедносната состојба стабилна – можни притисоци врз цената на горивата
-

ЕКРИ: Потребна е финасиска автономија на КСЗД и Народниот правобранител
-

Доцни тендерот за лекови за ретки болести
-

Повторно блокади на граничните премини?!
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
