-->
-->
За да не плати хотелска сметка се обидел да избега низ прозор од 19. спрат висок над 60 метри
-->
За да избегне плаќање на хотелската сметка, маж во Кина се обидел од хотелот да избега низ прозор.
Можеби оваа ситуација и не би била толку чудна да не станува збор за соба на 19. спрат и неговата мисија до слобода да дојде бегајќи на друга зграда која со хотелот е поврзана со телефонски кабли.
Како што може да се претпостави, неговата мисија не завршила успешно.
На снимката се гледа како мажот виси на 60 метри високи кабли. За негова среќа полицијата успеала навремено да реагира.
- Мажот поминал без повреди и сега е безбеден - соопштено е од полицијата.
Видео снимката на социјалните мрежи прегледана е повеќе од 7,3 милиони пати.
Погледнете го видеото
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица