-->
-->
За брзо возење казни за 234 возачи на територијата на цела држава
-->
Казнети се 234 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Како што денеска соопштија од МВР, од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 136 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Каква помош им пружа државата на жртвите на семејно насилство?
-

Нема македонски граѓани на крузерот каде има хантавирус - ИЈЗ ја следи состојбата
-

Започна генералка викенд – отпад собираше и претседателката Сиљановска Давкова
-

Преглед на вестите од светот
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
