-->
-->
За брзо возење 57 санкции на територија на СВР Битола
-->
– Битолската полиција денеска во времето од 10:00 – 14:00 на територијата на СВР Битола спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 57 возачи.
Како што соопшти МВР, од нив 42 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 15 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедност во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
МЗ: Странски кардиохирурзи ќе ги проверуваат документациите во приватните и државните болници
-
Адеми: Опасни се изјавите на Филков за ревидирање на Бадентеровото мнозинство
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Вечерва во Штип, хуманитарен концерт во сеќавање на Тоше Проески
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов