За брокулите и романите
Елементариум - Белград
Кога последен пат сте јаделе брокули? Можеби сте забележале дека ако откинете едно „гранче‟ добивате помала копија на цела брокула. Структурата на брокулата, дршката и главата, се повторува во нејзините делови.
Кога и ние би биле такви, нашите нозе би имале своја глава, труп и нозе. Ова значи дека структурата на брокулата е фрактална, а дека нашата (за среќа) не е.
Една од најскоро откриените и најнеобичните носители на фракталната структура е белетристиката. И тоа не било која. Институтот за нуклеарна физика на Полската академија за науки, откри дека од сите романи, најфрактални се романите за свеста.
Ова необично откритие произлегло од анализа на фракталноста околу стотина најпознати дела на западната книжевност, од Шекспир и Библијата, до Џојс и Хенри Џејмс.
Бесконечни структури
Фрактал е математички објект чии одделни делови ја повторуваат структурата во целина. Идеалните математички фрактали бескрајно се повторуваат, како од секое скршено гранче од брокули може да се скрши мини гранче од кое повторно може да се скрши уште помало... и така до недоглед.
Во однос на математичките фрактали, тие „природните‟ како што се брокулите се ограничени на најчесто едно или две повторувања. И не се ретки воопшто. Крвните садови, посебно во белите дробови, имаат фрактална структура, како и мрежи на речни текови.
Математичарите не се сигурни зошто е тоа така.
Во случај на крвните садови, таквата структура може да има еволутивни предности: го олеснува дотокот и протокот на крвта во органите. Кај појави како што се мрежи на речни текови, можат да бидат во игра други природни закони.
Беноа Манделброт, познат математичар кој прв го воведе поимот „фрактал‟ во 70-те години од минатиот век, се бавел со фракталната структура на морскиот брег на брегот на Велика Британија.
Фракталите се многу електично поле на математиката, но не се само „игра на стакленца‟. Имаат поширока практична примена. Довеле до изум на фракталната антена, која поради примопредавачките предности станала стандарден дел од опремата на мобилните телефони. Фракталните структури се користат во секакви компјутерски моделирања, како што на пример е случај со моделирањето на планинските венци.
Фрактален портрет на една дама
Полските научници со статистички мерења го мереле фракталното повторување на должина на реченица во големите дела. Ова повторување е фрактално ако во однос на должината на реченицата во еден пасус се повторува на ниво на поглавје, па повторно на ниво на цела книга.
Значи дека, ако некоја реченица во просек е подолга од останатите реченици во еден пасус на роман, за одредена вредност, таа ќе биде подолга од останатите реченици во едно поглавје исто така за макар приближна вредност. Истражувачите всушност откриле сличност меѓу структурата на пасусот, поглавјето и целата книга.
Истражувачите „должината на реченицата‟ ја дефинирале со број на зборови, но во истражувањето со поинакви мерки, како што е број на карактери, добиле исти резултати: некои од најголемите дела на западната книжевност на овој начин се фрактални. Не се сите.
„Во потрага за изгубеното време“ Марсел Пруст и не е многу импресивн на тоа поле, но затоа „Стариот завет“ и „Портретот на една дама“ се и тоа како.
Истражувањето покажало дека „најфрактални‟ романи се оние за свеста, како што се Уликс или Тристарам Шенди. Дури, романите за свеста покажувале особини на т.н. мултифрактала – структура со повеќе од една фрактална димензија. Апсолутен шампион е „Финегановото бдеење“ на Џејмс Џојс, според многумина исто така и една од најтешките книги кои се напишани досега.
Фактот дека некои од најценетите дела на западната книжевност се фрактали, можеби може нешто да ни каже за коренот на нашиот вкус кога е во прашање пишаниот збор. Секако дека ни Џојс, ни Шекспир не ги планирале своите реченици така од делата да извира фрактална структура.
Но, дали следеле нешто подлабоко – некаква точка во главата која повторувачките обрасци ни ги прави привлечни и убави – тоа веќе е возможно.
Ново на Сител
-
Пакистан подготвен за мир ако Индија ги запре воените дејства, вели министерот Дар
-
Макрон во Киев: Подготвени сме да помогнеме ако има прекин на огнот од 30 дена
-
Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан
-
Токсичен облак кај Барселона: Властите апелираат граѓаните да не излегуваат надвор
-
Трамп потпиша извршна наредба за почеток на програма за самодепортација
-
Приведени три лица од кумановско поради управување возило под дејство на алкохол
-
Во Скопје утре авионска дезинсекција против комарци
-
Трајков: Евроинтеграцискиот процес е еден од врвните приоритети, Унијата од нас очекува конкретни резултати