За бесплатна бања и викенд во Дебар доставени 133 барања
Голема заинтересираност владее меѓу пенизонерите од општините Дебар и Центар Жупа, за користење на поволностите што се даваат со владниот проект за бесплатна бањско климатска рекреација и бесплатен туристички викенд.
Ова го потврдува и бројката на до денес доставените барања.
- Од 20 јануари кога почна доставувањето барања, до денеска, за оваа поволност аплицирале 133 пензионери. Поголемиот поцент од доставените барања или над 90 насто, се за бесплатна бањско климатска рекреација. До крајот на рокот, 20 февруари, се очекува бројот на биде поголем, посочува Бардул Баланца референет во Деловната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Дебар,која со својата активност ги покрива двете општини.
Инаку, на бесплатна бањско -климатска рекреација, во изминатите шест години биле 340 пензионери од општините Дебар и Центар Жупа, додека во изминатите две години на бесплатен туристички викенд 44 пензионери.
Ново на Сител
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз