За албанската опозиција единствено решение за спас земјата е заминување на Владата на Рама
Албанската опозиција со став дека единствено решение за спас на земјата е уривање на владата на премиерот Еди Рама.
Гостувајќи во тиранската телевизија Ора њуз, пратеникот на Демократската парија, поранешен шеф на дипломатијата и екс министер за правда, Алдо Бумчи, рече дека по падот на владата на Рама опозицијата ќе оди на избори,каде,според него и ќе извојува победа.
– Апсолутно, ДП ќе оди на избори и ќе победи, но тие избори мора да бидат ослободени од овој човек.Колку време ќе биде Еди Рама изборите нема да бидат слободни. Заминувањето на Еди Рама е единственото политичко решение, потоа одиме на избори. Ние, здружената опозиција, одиме на избори за да овозможиме земјата слободно да дише,- изјави Бумчи.
Во врска со реконструкцијата на Владата,што Рама ја направи деновиве, Бумчи вели дека тоа е потврда дека Владата паднала и оти премиерот е во паника.
-Овие потези се плод на паниката на Еди Рама и акумулираниот неуспех што не може да го затскрие никаква пропаганда. По шест години е јасно дека станува збор за неуспех. Првото нешто е колапсот на економијата. Половина од населението е на работ на егзистенција. Ако го смените поголемиот дел од владата, тоа значи дека премиерот признал капитулација,- смета Бумчи.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста