За 24 часа издадени потврди на 3.752 мигранти

Во последното деноночќие издадени се потврди на вкупно 3.752странски државјани, од кои 1.516 се од машки пол, 817 се од женски, 1.411 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 8 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.891, Ирак-1.082 и Авганистан–779.
Во периодот од 19 јуни 2015 до ноќеска на полноќ, издадени се потврди на вкупно 388.233 странски државјани, од кои, 208.914 се од машки пол, 65.893 се од женски, 95.303 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.123 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-216.157, потоа Авганистан-95.691, Ирак-54.944, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 31.12.2015 до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот за азил се поднесени 86 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 56 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, четиери барања се од државјани на Палестина, три барања од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

Глутница кучиња во скопски Карпош: Граѓаните видно вознемирени - што ќе превземат властите?
-

Тема на денот со Никола Грпчевски, државен советник во Министерство за здравство
-

Унгарски 4 Ај Џи доби лиценца за трет мобилен оператор
-

18 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на воздухопловниот винг
-

Екс директорот на Геријатрија идната недела ќе ја слушне пресудата за примање поткуп
-

Неизвесно е воведувањето на системот „Safe city“ од 1 февруари
