Македонија
21. February 2024 - 12:34

За 20% лани е зголемен бројот на туристи

Турците, Србите, Бугарите, Хрватите се меѓу најбројните гости .

Најпривлечен за туристите останува езерскиот туризам, но тие значајно се интересирале и за посета на Скопје и регионалните тури. Домашните гости останувале по 4 дена на туристички престој, додека странските по речиси два дена.

Во периодот јануари – декември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 20.6 %.

Иако има поскапување на цените во хотелско угостителскиот сектор туристичките работници велат дека нашите туристички центри се најефтини во регионот.

Хотелиерите велат дека со воведување на новитети во понудите и примамливи пакет аранжани се повеќе се привлекуваат туристите.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2023 година изнесува 55 875, од кои 38.6 % се домашни туристи, а 61.4 % се странски туристи.