Wizz Air со нова линија Скопје - Хановер

Од 1 ноември, Wizz Air, најголемата ниско-буџетна компанија во Централна и Источна Европа, ќе ја воведе нова линија Скопје - Хановер, со два лета неделно, вторник и сабота.
Картите се веќе во продажба на wizzair.com, по цена од 1,199 денари.
Со ова, Wizz Air сега нуди вкупно 25 рути во 11 држави од двата македонски аеродрома: Скопје и Охрид.
Хановер, главниот град на сојузната покраина Долна Саксонија, е важен трговски и центар за фестивали, познат по Октоберфест Хановер, втор по големина Октоберфест во светот, и по Хановер Schützenfest - најголемиот панаѓур на стрелци во светот. Со голем број музеи од светски рамки, галерии и театри, градот е познат и како важен културен центар и е одличен избор да се посети и од туристички и од бизнис аспект.
Со денешната објава, Хановер стана најновиот 124-ти аеродром во мрежата на Виз Аир.
Првиот лет на Wizz Air Скопје беше во јуни 2011. Од тогаш постојано ја проширува мрежата во Македонија. Од првиот лет, преку 2,2 милиона патници избрале да летаат со Wizz во и од Македонија.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Верувам дека односите меѓу Србија и Франција се посилни денес од кога било во поновата историја
-

ЕУ планира воведување царини за нарачките преку Тему, Шеин и АлиЕкспрес
-

Од 2033 година Белгија ги укинува хартиените возачки дозволи
-

Наутро ведро и студено, преку ден до 20 степени
-

Во Хрватска се урна турски авион „Ер трактор“
-

Без победник на тестот на македонската репрезентација против Летонија
-

Проектот BRT ќе се имплементира кон средина на следната година
-

Ѓорѓиевски ги обзнани имињата на директорите на јавните претпријатија
