Свет
14. September 2015 - 8:44

Вулканот Асо почна да исфрла пепел и чад

Вулканот Асо во Јапонија почна да еруптира, јави ТАСС, повикувајќи се на националната метеоролошка агенција.

Од вулканот кон небото излегуваат огромни столбови сива пепел и чад, пренесува БТА.

Асо е најголемиот активен вулкан во Јапонија. Висок 1592 метри вулкан, се наоѓа во јужниот дел на архипелагот.

Последен пат Асо манифестираше активност минатиот месец. Тогаш тој исфрли кон небото столб пепел со височина од 600 метри.

Јапонија е сместена на Тихоокеанскиот огнен прстен - еден од најпознатите сеизмички и вулканска области на Земјата. Во јапонија има над 100 активни вулкани.

Минатата година вулканот Онтаке, во централна Јапонија, еруптираше неочекувано, убивајќи 63 лица.