Вулин: Србија не затвори граница кон ниту една држава
Српскиот министер Александар Вулин изјави денеска дека Србија не затворила граница кон Македонија, Бугарија или која било друга држава и најави дека новиот систем за регистрација на мигранти ќе почне да се применува од полноќ на грчко-македонската граница.
– На нашите граници ништо не се менува. Претставници на државите кои потпишаа договор ќе имаат заедничка контрола над мигрантите на грчко-македонската граница, прецизираше Вулин.
Според него, таму ќе се задржуваат луѓе кои од која било причина не можат да поминат до крајната дестинација, а во согласност со политиката на државите на мигрантската рута.
– За нас тоа е големо олеснување бидејќи ќе бид епомал притисокот врз нашата територија, односно оние кои не може да продолжат со движењето нема да може ни да влезат на територија на Србија, истакна Вулин.
Ново на Сител
-
Возел со 1,35 промили алкохол во него и удрил во 25-годишна девојка
-
Макрон ги повика Трамп и Зеленски да покажат взаемно почитување
-
Прочка - празник за проштавање и очистување од гревовите
-
Велика Британија ќе и даде на Украина 2,26 милијарди фунти за зајакнување на одбраната
-
Европски самит во Лондон посветен на Украина и безбедноста
-
Облачно со дожд, од утре сончево и потопло
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп