Вулин: Приштина смета дека кршењето на договорот е дозволено
Српскиот министер за труд и социјални прашања Александар Вулин, по повод одлуката на косовскиот Уставен суд да го суспендира договорот за формирање Заедница на српски општини, изјави дека тоа ќе биде тест за ЕУ, како и дека „Приштина своите порази секогаш ги лекува со напад врз Србите и верува дека секое кршење на договорот е дозволено“.
- Приштина се надева дека земјите кои го признаа Косово ќе вршат притисок врз Србија да се откаже од најважните делови на Бриселскиот договор како би ја олесниле позицијата на владата на Иса Мустафа, изјави Вулин за Танјуг.
- Жално, но вистинито е дека политичарите во Приштина сметаат дека добра политичка позиција за Албанците е само онаа која им штети на Србите, посочи Вулин. Тој додаде дека Приштина пред Западот ќе се прикаже како жртва на политиката на Бриселскиот договор и ќе бара помош така што ќе и се простува прекршувањето и неизвршувањето на договорот.
- За Србите , ЗСО е најважниот дел од договорот и тука промени не се можни. Ова е тест за ЕУ како покровител на разговорите меѓу Белград и Приштина. Ако Приштина не го почитува договорот постигнат под покровителство на ЕУ, се поставува прашањето каква е тогаш силата на ЕУ и меѓународната заедница во Косово воопшто. Од одговорот на ова прашање зависи иднината на Бриселскиот дијалог, истакна Вулин.
Ново на Сител
-
Стабилно и релативно топло време до среда
-
Пред српскиот Парламент голем број полициски возила, блокиран автопатот Нови Сад - Белград
-
Планирале терористички напади, уапсени четири лица кои формирале терористичка ќелија по теркот на ИСИС
-
Еврокомисијата подготвува план за намалување на бирократијата во невидени размери
-
Закажани четири судења против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко
-
Намалување на јануарските плати за учесниците во штрајкот, велат од српското министерство за образование
-
Трамп би сакал да избегне воведување царини за Кина
-
МЖСПП: Прекинување на прагот на алармирање во Кичево