-->
-->
Вујовиќ сепак останува во Загреб
-->

Веселин Вујовиќ останува тренер на ракометниот клуб ППД Загреб, откако ја повлекол оставката која ја поднел по поразот од Бешикташ во Истанбул (32:30), пренесува порталот „24sata.hr“. Црногорецот решил да ја поднесе оставката откако во понеделник имал разговори со клупското раководство и со ракометарите.
„Имав чувство дека играчите ме предадоа. Не можев да направам ништо за тие да реагираат на вистински начин и да направат нешто на тој натпревар. Мислев дека моето заминување може да биде знак за нивно будење. Тоа им го кажав на сите во клубот“, рекол Вујовиќ по состанокот со раководството кои целосно застана на страната на својот тренер.
„Бевме фаворити против Бешикташ и логични беа очекувањата дека ќе победиме. Одигравме многу лош натпревар. Сме бележеле порази и претходно, но не на начин на кој загубивме во Истанбул. Тој пораз вистински ме заболе“, дополнил Вујовиќ.
Црногорскиот стратег по состанокот со ракометарите рекол дека тие од него побарале да им пружи уште една шанса.
„Побараа уште една шанса за да ми покажат дека мечот со Бешикташ бил само лош ден. Кога подобро ќе размислам, на многу натпревари покажаа дека вредат. Немаше причини да заминам од Загреб, но стојам зад изјавата дека треба играчите да се разбудат и да се однесуваат одговорно на теренот. Вакви порази повеќе нема да толерирам. Поразот не е пораз доколку не дадеш сè од себе или доколку не се случи судиска кражба“, рекол Вујовиќ.
Во А групата, во Лигата на шампионите, по шест одиграни натпревари Загреб се наоѓа на петтото место со три победи и исто толку порази.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бројот на загинати во пукањето во турско училиште се зголеми на 10
-

26-годишен возач удрил пешак кој се здобил со сериозни телесни повреди
-

Приведени 11 возачи за безобѕирно управување возило, седуммина возеле без дозвола
-

Николов: Штетите од ниските мајски температури се најголеми кај лозовите и овошните насади покрај реките Црна и Луда Мара
-

За време на фудбалски натпревар на Градскиот стадион во Гостивар, навивач паднал од трибина
-

Приведени три лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Потопло време со повисоки температури, најавува УХМР
-

Трамп: САД „многу повеќе“ ќе го намалат бројот на војници во Германија
