-->
-->
Вујовиќ: И поразениот останува со шанси за осминафиналето
-->
Репрезентацијата на Словенија е третиот противник на Македонија на ракометниот мундијал. Попладнево во Мец ќе има нов дуел на големите ривали од клупата Лино Червар (селектор на Македонија) и Веселин Вујовиќ (селекотор на Словенија).
Долгогодишниот тренер на Вардар Вујовиќ во пријателски амбиент разговараше со македонските новинари за претстојниот дуел.
- Спортот е таков. На клупата на Македонија е еден извонреден стручњак и секако се сеќавате на нашите дуели. Лино направи добар резулатат со победата над Тунис. Поразениот останува со шанси за вториот круг. Словенија со Исланд покажа сигурност иако имаше грешки. Сепак е добро за еден тренер, ако се победи кога ќе има грешки,како ние со Исланд Нашата идеја е да се надигруваме. Има многу фактори што ќе го решат натпреварот. „Срцето на репрезентацијата“ се Кире (Лазаров), Миркуловски, двете крила (Манасков, Георгиевски) и Стоилов, истакна Вујовиќ.
Тој во својата кариера еден период беше и на клупата на македонската репрезентација и тоа во дуелите со Словенија, кога Македонија претрпе два пораза во Марибор (28:33) и во Скопје (32:33).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: 80.000 потписи за една недела, да ставиме крај на политичкиот попис
-
На инфективните оддели низ земјава се лекуваат 675 пациенти со Ковид-19
-
Во тек исплатата на поврат на данок на личен доход за земјоделците
-
Заев по пресудата за „Таргет-Тврдина“: Го ослободивме патот по кој денес дојде правдата
-
Судот го прифати предлогот од Обвинителството за затворски притвор за Мијалков
-
Лекарска комора: Најостра осуда за инцидентот во кој беше прегазен д-р Јота и највисока санкција за сторителот
-
Шилегов: Оваа година е дури три пати подобар квалитетот на воздухот
-
Обвинителството бара ефективен притвор за Мијалков