-->
-->
Вујовиќ: И поразениот останува со шанси за осминафиналето
-->
Репрезентацијата на Словенија е третиот противник на Македонија на ракометниот мундијал. Попладнево во Мец ќе има нов дуел на големите ривали од клупата Лино Червар (селектор на Македонија) и Веселин Вујовиќ (селекотор на Словенија).
Долгогодишниот тренер на Вардар Вујовиќ во пријателски амбиент разговараше со македонските новинари за претстојниот дуел.
- Спортот е таков. На клупата на Македонија е еден извонреден стручњак и секако се сеќавате на нашите дуели. Лино направи добар резулатат со победата над Тунис. Поразениот останува со шанси за вториот круг. Словенија со Исланд покажа сигурност иако имаше грешки. Сепак е добро за еден тренер, ако се победи кога ќе има грешки,како ние со Исланд Нашата идеја е да се надигруваме. Има многу фактори што ќе го решат натпреварот. „Срцето на репрезентацијата“ се Кире (Лазаров), Миркуловски, двете крила (Манасков, Георгиевски) и Стоилов, истакна Вујовиќ.
Тој во својата кариера еден период беше и на клупата на македонската репрезентација и тоа во дуелите со Словенија, кога Македонија претрпе два пораза во Марибор (28:33) и во Скопје (32:33).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Израелската војска почна напад врз Газа, јавија израелските медиуми
-
Во Битола до 11 часот гласале 10,66 проценти од избирачите
-
Грабеж во Лувр, музејот затворен за посетители
-
Пресекот на излезноста до 11 часот е 9,38%
-
На ГП „Блато“ уапсен албански државјанин баран со меѓународна потернца
-
Во Штип до 11 часот гласале 10,89 проценти од избирачите
-
Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци
-
МВР: Регистрирани 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои 15 не се потврдени