-->
-->
Вудс уапсен поради возење во пијана состојба
-->
Некогаш најдобриот голфер во светот, Тајгер Вудс (41), бил уапсен на Флорида бидејќи под дејство на алкохол го управувал својот автомобил
Вудс четири часа мина зад решетки во затворот во Палм Бич, а потоа бил пуштен на сопствена одговорност, бидејќи во пишана форма ветил дека ќе соработува во правните постапки.
Во полицискиот извештај се наведува дека Тајгер Вудс имал недозволено ниво на алкохол во крвта.
Освојувачот на 14 „Мајор“ турнири, не е активен веќе четири месеци, а ќе го пропушти остатокот од сезоната поради операција на грбот.
Вудс е еден од најдобрите играчи во историјата на голфот, најдолго бил прв на светската ранг-листа, но последната победа на турнирите ја има забележано во август 2013 година.
Неговата кариера ја обележа големиот скандал во 2009 година, кога американските медиуми објавија дека Вудс имал повеќе вонбрачни врски. Следуваше пад во неговата игра, сопругата го напушти, а го напуштија и некои од спонзорите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои