Вучиќ: ЗСО само во согласност со Бриселскиот договор
Српскиот претседателот Александар Вучиќ изјави дека Заедницата на српски општини (ЗСО) во Косово ќе биде формирана во согласност со Бриселскиот договор, додавајќи дека е изненаден од изјавата на портпаролката на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, Маја Коцијанчиќ дека ЕУ го подржува формирањето на ЗСО „според косовските закони“.
- Сакам да ни покажат, каде тоа го пишува во Бриселскиот договор, кој го знам на памет... тоа никаде не е напишано, изјави синоќа Вучиќ за сепската државна телевизија РТС.
Тој додаде дека ЗСО може да биде формирана само во согласност со Бриселскиот договор, утврдените принципите и според планот за имплементација.
Портпаролката на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика вчера изјави дека Заедницата на општини со српско мнозинство ќе биде формирана врз основа на косовските закони.
Вучиќ оцени дека по таквите изјави, недвосмислено е јасно кој на Србија и е пријател, а кого не може да го нарече со тоа име.
Како што истакна, доколку усогласеноста со косовскиот Устав е единствената работа која им е битна на преставниците на ЕУ, тогаш повеќе не може да се каже дека тие се статусно неутрални.
- Единственото она што е овде добро, е тоа што им се покажува на граѓаните во Србија какви се преговорите во Брисел и колку е тешко тоа со што се соочувате, кога тие и јавно го кажуваат, изјави српскиот претседател.
Според него, за Србија сега е најважно да го зачува мирот.
- Наше е да го зачуваме мирот, да сме сталожени, смирени и дека тоа се нашите пораки и дека се бориме за српскиот народ, изјави Вучиќ.
Косовските власти инсистираат ЗСО да се формира врз основа на косовскиот Устав, додека српската Влада и преставниците на Српската листа бараат таа да биде формирана врз основа на Бриселскиот договор од 2013 година.
Во меѓу време, Српската листа постави ултиматум најдоцна до 19 април да започне изработката на Статутот на ЗСО или во спротивно тие самите ќе ја формираат Заедницата.
Според најавите од Брисел, Статутот на Заедницата ќе го подготви работна група формирана од Владата на Косово, со помош на ОБСЕ.
Ново на Сител
-
Шест мигранти пронајдени на Богородица - влегле во возилото додека возачот правел пауза
-
28 годишна тетовчанка пријавила обид за измама
-
Во студентскиот дом „Пелагонија“ решен проблемот со топла вода, се санираат и лифтовите
-
Штип го чествува празникот „Свети Никола“, патронот на градот
-
Форумот за образовани промени предлага субвенциониран меѓуградски превоз за студенти
-
ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите
-
Прегазен 34 годишник во Гостиварско
-
Повторно блокирана работата на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади