Вучиќ за барањата на опозицијата: Сакате на референдум за Косово? Одиме на референдум
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е подготвен, доколку опозицијата бара неговиот легитимитет да се провери на референдум, да се излезе на референдум, јави дописникот на МИА од Белград.
На новинарско прашање како го коментира тоа што дел од опозицијата бара повторно да им се обрати за Косово на седницата на српското Собрание, Вучиќ рече „некои бараат да ми се провери легитимноста, нека се договорат, подготвен сум на се.
„Сакаат референдум, без разлика дали имам поддршка или немам – да излеземе на референдум. Сакаат во Собранието? Нема проблем. Само немојте повторно да произведете насилство, а јас сум секогаш подготвен за се друго, само да најдеме термин кога сето ова е можно, изјави Вучиќ.
Неколку опозициски партии побараа граѓаните да се изјаснат на референдум за европскиот договор за Косово. Опозицијата бара за Косово да се расправа и на посебна собраниска седница.
На прашањето како ќе реагира на новиот извештај на Европскиот парламент (ЕП) за напредокот на Србија, Вучиќ рече дека не го видел текстот, но дека е „разбирливо“ во тој документ да има „многу критички пораки“.
-Повеќето од нив ќе бидат затоа што не воведовме санкции кон Русија, од тоа произлегуваат многу други работи. Важно ми е што ќе ги пофалат изборите на северот на Косово со излезност од еден отсто и да ни објаснат дека тоа се највисоките европски вредности. Внимателно ќе го прочитаме сето тоа, но најмногу ме интересира како луѓето во Србија го гледаат нашиот напредок. Србија мора да ја плати цената за својата независност и суверената политика што ја води, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-
Заврши мисијата на Србите кај нас, Македонија продолжува да се бори со пожарите
-
Падна компјутерскиот систем на Евзони, патниците револтирани
-
Ќе донесе ли пари претседателката на ЕБОР, која утре доаѓа во земјава?
-
Антикорупциска да се занимава со својата работа, не со таа на своите претходници
-
СДСМ: Mицкоски и министрите летале во бизнис класа
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев се шеташе до државен хеликоптер низ Mакедонија
-
Граѓаните се жалеле од обвинителите, испратиле 176 претставки
-
Штипјани брзаат да се раздолжат кон општината, однапред се плаќа данокот на имот