Вучиќ: Време е за договор со Косово, но ќе биде пеколно тешко

Две децении од најголемиот европски нерешен спор, српскиот претседател Александар Вучиќ за Блумберг изјави дека е време да се постигне договор, но дополни дека ќе биде исклучително тешко.
Во интервјуто за Блумберг, кое го пренесува Танјуг, Вучиќ потенцира дека прво мора да бидат укинати таксите, а секој договор мора да содржи слободно движење на стока и луѓе.
Блумберг оценува дека откако Атина и Скопје го решија спорот околу името, меѓународниот притисок се префрла на Вучиќ, од кого се бара со косовскиот претседател Хашим Тачи да работи на постигнување договор.
– Решавањето на спорот меѓу Грција и земјата која сега се вика Република Северна Македонија беше полесно, оценува Вучиќ. – Ќе биде потешко од пеколно тешко, истакна српскиот претседател.
Блумберг констатира дека со постигнување договор ќе им се овозможи на двете страни да се приклучат кон ЕУ, а кога е Косово во прашање, и кон НАТО. Агенцијата дополнува дека Србија и натаму е клучна во регионот кој е растргнат меѓу конкурентските интереси на надворешните сили. „За Србија членството во ЕУ е потенцијален економски раст, Косово настојува да ја зацементира својата независност, а Европа сака да ја зголеми стабилноста на Балканот“, истакнува Блумберг. Агенцијата уште оценува дека Русија е внимателна што се однесува на поддршка на евентуален договор кој би можел да го забрза членството на Србија во ЕУ и дополнително да го намали нивното регионално влијание, кое веќе губи на сила.
Вучиќ вели дека и тој и Тачи ќе мора да им објаснат на граѓаните дека ниту една страна нема да добие се што сака.
Ново на Сител
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Кичево евакуирани околу 100 граѓани
