Вучиќ: Во Тирана разговарано за инфраструктурните проекти, изградбата на гасовод меѓу Србија и Северна Македонија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави во Тирана дека денеска на самитот на Европската политичка унија разговарал за реализација на специфични инфраструктурни проекти, како што е изградбата на гасен интерконектор меѓу Србија и Северна Македонија, јавија белградските медиуми.
„Разговаравме и за некои конкретни проекти во врска со инфраструктурните врски, имено интерконекторот со Северна Македонија, за да можеме да размислиме за дополнителни гасни врски во иднина. Разговаравме и за други инфраструктурни проекти, за целата Агенда за раст и за Единствената европска платна зона – СЕПА“, изјави Вучиќ.
Тој посочи дека СЕПА е важна за Србија и за српските компании, но и за луѓето кои живеат и работат во странство, поради дознаките што ги испраќаат во државата.
„Се боревме за земјата и мислам дека направивме добра работа. Разговарав и со луѓе од регионот, освен на вечерата синоќа, а денеска и со Жељка Цвијановиќ, но кратко време, и со Андреј Пленковиќ и со многу други лидери, и секако, бев со Ердоган, и мислам дека за кратко време постигнавме многу и договоривме многу средби за следниот период“.
Ново на Сител
-
Убиено едно лице при тепачка пред казино во Кавадарци
-
ДКСК ќе ја одржи 22. седница
-
Министерот Бесент очекува САД годишно да имаат над 500 милијарди долари приходи од царини
-
Нема активни пожари, под контрола во „Јасен“, во Долнени и на Кожуф
-
Болсонаро е под 24-часовен полициски надзор поради ризик од бегство
-
Сончево и потопло со мала до умерена облачност
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата