Вучиќ: Трамп прифати да ја посети Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека првиот човек на САД, Доналд Трамп ја прифатил неговата покана да ја посети Србија, јави Танјуг.
- Кога му ја упатив поканата, детално образложив зошто сметам дека е важно да дојде во Србија. Зборував за односот на сите граѓани на Србија кон него и кон американската политика, како ќе го пречекаат луѓето во Србија, зошто е тоа важно, како и дека неговата посета би покажал колку Србите го сакаат тоа пријателство, рече Вучиќ.
Претходно, српската телевизија О2 јави дека Вучиќ му ја упатил поканата на Трамп за време на синоќешната вечера што американскиот претседател и неговата сопруга ја организираа за шефовите на држави или влади, учесници на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Вучиќ изјави дека на средбата со Трамп многу кусо разговарале за политика, но дека сепак на својот соговорник му пренел се што сакал да му каже во врска со Србија.
Ново на Сител
-
Црвениот крст собрал над 54 милиони денари
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Мицкоски: Има обид за злоупотреба на револтот на граѓаните
-
Муртезани: Стигна првата транша од ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани