Вучиќ: Тешко до решеније за Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека се појасно е да ќе биде тешко да се дојде до било какво решение за Косово.
- Ние ќе продолжиме да нудиме мир и компромисно решение и да бараме она што е можно, реално, правично и рационално за српскиот народ и за српската држава, изјави Вучиќ на отварањето на Жежељовиот мост во Нови Сад, каде гостин беше и еврокомесарот Јоханес Хан.
Според неговите зборови, „тие во Србија кои бараат 'ништо' и се надеваат дека Србија добива 'едно големо ништо', треба да продолжат да се радуваат, бидејќи се е насочено кон успехот да Србија по прашањето на Косово не добие ништо“. Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи покренаа иницијатива за размена на територии меѓу Србија и Косово, како и взаемно признавање, а Европската унија упати поддршка на овој предлог. Но, Германија се изјасни против прекројувањето на балканските граници.
- Кога ќе чуете за што се залагаат хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, претседавачот на Советот на министри Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ и некои други, тогаш на сите Срби и граѓани на Србија им е јасно кој се бори за зачувување и остварување на нашите национални и државни интереси, додаде Вучиќ.
Тој рече дека очекувал да неговите политички опоненти во Србија ќе организираат славење поради изјавите на одделни официјални лица од Европа и на Албанците дека границите не се менуваат, но заборавија да кажат дека тоа се однесува на тоа дека не се менуваат границите на независно Косово.
- Намерно работеа на целовитост на независно Косово, само што се правеа дека демек ги штитат нашите државни и национални интереси. Тоа ни претставува голем проблем, додаде Вучиќ.
Ново на Сител
-
Во Кисела Вода со „фолксваген“ се забил во бетонски ѕид
-
И во наредните денови сончево време со студени утра
-
Неексплодирани бомби кашикари пронајдени на планинарска патека во Маврово
-
Четворица планинари загинаа во несреќи на италијанските Алпи
-
Сочувство од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан до Патријархот Српски г.г. Порфириј за настраданите во Нови Сад
-
Почина Оливера Николова - авторката на Зоки Поки
-
Санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар
-
Почина Квинси Џонс