Вучиќ: Србија од утре целосно ги затвара границите, освен за камионите, се забранува и меѓуградскиот автобуски и железнички сообраќај

Српскиот претседател Александар Вучиќ, во денешното обраќање до јавноста најави дека „Србија целосно ги затвара границите и го забранува внатрешниот меѓуградски автобуски и железнички сообраќај“, јави дописникот на МИА од Белград.
– Од утре во осум часот се затвараат сите гранични премини за влез во Србија за патници кои се превезуваат со патничкиот, железничкиот и речниот сообраќај, освен за транспортните камиони, повеќе никој не може да влезе во Србија, изјави Вучиќ, не наведувајќи дали мисли и на српските државјани кои доаѓаат од странство, бидејќи за странските државјани забраната за влез во Србија важи веќе четири дена.
Тој изјави дека досега во Србија се забележани 103 случаи на заразени со коронавирусот, како и дека очекува во неделите што доаѓаат оваа бројка значително да се зголеми.
Според него, во Србија се влезени над 71.000 српски државјани повеќето од нив од кризните жаришта, како и дека српските служби ги следат движењата особено на оние од Италија и другите кризни жаришта, давајќи пример за семејства кои заразени со коронавирус доаѓаат во Србија да се лекуваат, бидејќи здравствениот систем во Србија е бесплатен.
– Ги следиме нивните мобилни телефони во роаминг, и полицијата ќе обрати внимание, во Белград, во Мирјево, немојте да се изненадите ако забележите повеќе полиција Ги очекуваат строги казни, изјави Вучиќ.
Тој истакна дека наредните денови очекува тешки денови и изрази очекување дека здравствениот систем во Србија ќе издржи, бидејќи болниците се полни со заболни граѓани, додавјќи дека на „не може да каже од каде, но Србија набавила 200 респоратори од странство.“
Во новите мерки во борбата против коронавирусот, српскиот претседател најави дека „од утре во 12 часот во Србија се забранува меѓуградскиот автобуски и железнички сообраќај, освен патничкиот сообраќај со возила.“
Вучиќ најави дека во наредните денови, српската Влада ќе донесе одлука за проширување на полицискиот час.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
